ARCHLine.XP Logo

Лесен за користење и достапен софтвер за анимација во архитектонска визуелизација. Претворете го вашиот 3D дизајн во импресивни модели, креирајте слики со висок квалитет, видеа и прошетки низ просторот.

Што е ARCHLine.XP LIVE?

ARCHLine.XP LIVE е лесен за користење и достапен софтвер за анимација во архитектонска визуелизација, кој го претвора вашиот 3D дизајн во импресивен модел и овозможува креирање на визуелизации со висок квалитет – слики, видеа и интерактивни прошетки во реално време.

ARCHLine.XP LIVE овозможува архитектонски и внатрешни простори да се визуелизираат во реално време, симулирајќи материјали, сонце, осветлување, вегетација, вода и други елементи од околината како луѓе, возила итн.

Нема потреба од рендерирање, што значи дека можете веднаш да реагирате на барањата на клиентите и да ги прикажете измените за само неколку минути – без разлика на големината и сложеноста на проектот. Помалку време за рендерирање значи повеќе време за дизајн.


Системски барања

ARCHLine.XP – ARCHLine.XP LIVE КОНЕКЦИЈА

ARCHLine.XP LIVE има директна и беспрекорна конекција со ARCHLine.XP – пренесете го вашиот BIM модел во VR околина со само еден клик. Без време за рендерирање и без загуба на податоци – за неверојатна визуелизација за само неколку минути.

View 2

Што можете да направите со LIVE?

Со ARCHLine.XP LIVE можете да ги претворите вашите дизајни во живи, динамични простори полни со движење, вегетација, луѓе, возила, живот и многу повеќе.

Вашиот дизајн ќе остави впечаток врз клиентите ако можат слободно да прошетаат, да почувствуваат и да го доживеат својот идeн простор – долго пред тој да стане реалност. Интерактивни прошетки, видеа со висок квалитет и уште многу – сè се врти околу движењето.

Додадете реална вода во вашите планови, опкружете ја со дрвја и растенија и набљудувајте ги како нивните лисја се нишаат на ветерот.

Видете ја разликата

Фатете го синoт круг подолу и повлечете го за да откриете што нуди ARCHLine.XP LIVE.

Archline.XP Live 3Archline.XP Live 4