CADprofi HVAC & Piping
Програмот помага во дизајнирањето на инсталации за греење, вода и канализација, гас, медицински, противпожарни, вентилација, климатизација, refrigeration, технолошки и други типови инсталации во градежништвото и индустријата. Интелигентно вметнување на симболи и објекти, автоматско цртање на изгледи на инсталации, креирање на спецификации и библиотеки на познати производители се само некои од предностите на апликацијата.
CADprofi HVAC & Piping модулот може да се купи посебно или во целосен CADprofi Suite пакет, кој содржи сите 4 CADprofi модули за 50% од цената.
Клучни карактеристики:
Кликнете на карактеристика за да прочитате повеќе
Параметарска арматура
Параметарска арматура и други инсталациски објекти со автоматско вметнување во цевководи или вентилација. За време на внесувањето на параметарските објекти во проектот, можно е да се изберат стандардни димензии или корисникот самостојно да ги дефинира и зачува своите сопствени димензии и типови. Програмата овозможува и увоз на dwg или dxf датотеки преземени од веб-страниците на производителите.
Параметарска арматура
Прочитајте повеќе за другите клучни функции на CADprofi HVAC & Piping
|
|
Повеќејазичен
Апликацијата е достапна на 25 јазици.
Прочитајте повеќе
Корисничкиот интерфејс базиран на Unicode поддржува 25 јазици, односно Англиски, Бугарски, Кинески поедноставен, Хрватски, Чешки, Дански, Холандски, Фински, Француски, Германски, Грчки, Унгарски, Италијански, Јапонски, Кориски, Полски, Португалски, Романски, Руски, Српски, Словенечки, Шпански, Шведски, Турски и Украински.
Јазикот лесно може да се смени во конфигурацискиот програм.
Нашиот софтвер е достапен преку добро развиена мрежа на дистрибутери во многу земји, благодарение на ова можете да имате директна поддршка на вашиот мајчин јазик.
BIM
Можност за креирање податоци во BIM технологија.
Прочитајте повеќе
BIM (Building Information Modeling) технологијата се користи се повеќе во дизајнирањето на згради. Класификација и управување со слоеви базирани на Open BIM (IFC класификација) е достапно во програмата CADprofi. BIM податоците се вклучени во спецификациите и можат да се пренесат во апликации кои се користат за време на фазата на инвестиции.
Дополнително, нашата компанија креира податоци во BIM (вклучувајќи rfa Revit формат) за многу производители. 3D модели вклучени во нашиот софтвер исто така можат да се користат во многу CAD програми кои дозволуваат увоз и извоз на датотеки во IFC стандард.
Компатибилност
Апликацијата компатибилна со повеќето основни CAD програми.
Прочитајте повеќе
Десетици илјади корисници од целиот свет веќе го избраа CADprofi пакетот. Ова е причината зошто секогаш внимаваме да одржиме целосна компатибилност со други CAD апликации во секоја нова верзија на нашиот софтвер. Нашите апликации автоматски ќе се конфигурираат за оптимална компатибилност со било кое избрано софтверско опкружување (AutoCAD, ARES, BricsCAD, GstarCAD, progeCAD, ZWCAD, IntelliCAD и многу повеќе).
Цртежите креирани во CADprofi се целосно компатибилни со DWG и DXF формати и можат да се уредуваат во било која CAD апликација без потреба од користење на нашиот софтвер. Проверете ги барањата…